Државата зајми 154,6 милиони евра

Bez autora
Jun 02 2010

Државата вчера се задолжи вкупно 154,6 милиони евра од банките. Народната банка на Македонија со вчерашната аукција на благајнички записи од банките прибра 124 милиони евра. Министерството за финансии, иако бараше заем од 32,3 милиони евра, доби само 30,6 милиони евра. Повисоката каматна стапка од 6 отсто, речиси за 1 отсто од таа што ја плаќа Владата, и покусиот временски рок од еден месец беа пресудни НБМ да прибере повеќе пари од банките. Вчерашната емисија на записи на Министерството за финансии беше вонредна. Не беше планирана во месечниот календар за задолжување, во кој стои дека на 15 јуни ќе побара заем од стопанството, а ден потоа ќе го врати долгот направен со државни записи. Министерството за финансии се задолжува предвреме за да собере пари за првата рата од годишната камата за втората еврообврзница, коментираат аналитичарите.

Државата зајми 154,6 милиони евраДржавата вчера се задолжи вкупно 154,6 милиони евра од банките.

Народната банка на Македонија со вчерашната аукција на благајнички записи од банките прибра 124 милиони евра. Министерството за финансии, иако бараше заем од 32,3 милиони евра, доби само 30,6 милиони евра.

Повисоката каматна стапка од 6 отсто, речиси за 1 отсто од таа што ја плаќа Владата, и покусиот временски рок од еден месец беа пресудни НБМ да прибере повеќе пари од банките.

Вчерашната емисија на записи на Министерството за финансии беше вонредна. Не беше планирана во месечниот календар за задолжување, во кој стои дека на 15 јуни ќе побара заем од стопанството, а ден потоа ќе го врати долгот направен со државни записи. Министерството за финансии се задолжува предвреме за да собере пари за првата рата од годишната камата за втората еврообврзница, коментираат аналитичарите. Тие велат дека фијаското со третата еврообврзница и' ги расипа плановите на Владата со годинашново планирано задолжување на меѓународниот пазар на пари да ги плати долговите од ланската еврообврзница. Годинашната камата од еврообврзницата изнесува 17,1 милион евра и треба да се плати во наредниот вторник.

Со вчерашните задолжувања, долгот на државата кај банките направен само со позајмување преку благајнички и државни записи се искачи на 641,8 милиони евра. Поголемиот дел од овој долг лежи во централната банка, 403,3 милиони евра. Владата должи 238,5 милиони евра. Позајмувајќи од банките НБМ практично ја води монетарната политика на државата и ја контролира инфлацијата. Владата се задолжува за да го покрие кусокот што во државната каса го прави бидејќи троши повеќе отколку што прибира. Според Министерството за финансии вкупниот внатрешен долг на Владата и на НБМ на крајот на март годинава изнесуваше 869,5 милиони евра, односно 114,5 милиони евра повеќе од крајот на минатата година.

Регионалните статистичари пресметале дека после српските, македонските банки најмногу и позајмуваат на државата. Од вкупно одобрените заеми 6,7 отсто банките и ги даваат на НБМ и на Владата. Банките во Босна и Херцеговина на државата и' позајмуваат 2,5 отсто, унгарските 2,9, чешките 3,1 отсто, хрватските 4,7 отсто, а романските 5,5 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik